Мајли Сајрус сака да соработува со Били Ајлиш

Мајли-Сајрус-сака-да-соработува-со-Били-Ајлиш.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мајли Сајрус откри дека сака да соработува со Били Ајлиш.


Таа е воодушевена од 21-годишната музичарка и смета дека е импресивно што на толку млада возраст точно знае која е и каква уметница сака да биде.

Во интервју за весникот „Сандеј мирор“, Мајли вели: „Апсолутно ја сакам Били Ајлиш… таа е една од најкул уметниците во моментов.“

„Она што многу ме импресионира е фактот дека таа е веќе автентичен уметник. Таа точно ја знае приказната што сака да ја раскаже и пораката што сака да ја изрази во својата работа. Целосно сум воодушевена од неа.“

Иако Мајли и Били не разговарале за евентуална соработка, 30-годишната Мајли призна дека Били е на врвот на нејзината листа желби.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK