ЦУК: Викендов имало вкупно 20 пожари на отворено, утрово нема активни пожари

ЦУК-Викендов-имало-вкупно-20-пожари-на-отворено-утрово-нема.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Според извештаите во Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), што се добиени како извештаи од надлежните институции во Системот за управување со кризи (СУК) во саботата имало шест, а вчера, како и секоја недела во октомври – најмногу, конкретно имало 14 пожари и една лажна дојава за пожар на отворен простор во државата.



Практично, во двата дена од последниот викенд во октомври годинава, во саботата и неделата, имало вкупно 20 пожари на отворено. Но, пожарникарите сите ги изгаснале. Активни пожари, утрово, нема, извести ЦУК.

Инаку, изгаснатите 14 вчерашни пожари, при што гореле стрништа, сува трева, депонија, ниска вегетација и гранки од сеча, биле во општините: Велес, кај село Иванковци; Валандово, кај с.Марвинци; Струмица, кај с.Баница; Кичево, кај с.Осломеј; Неготино, кај месноста „Чоркова Чешма“; Кривогаштани, кај пречистителната станица на излезот кон Прилеп; Старо Нагоричани, кај истоименото с.Старо Нагоричани; Штип, во месноста „Мирјанина Црква“; Тетово два пожара, кај с.Теарце(ниска вегетација) и кај с.Ратае и во Општина Куманово имало четири пожари, кај с.Речица, с.Оризаре, с.Горно Коњаре и кај с.Пчиња.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK