Маричиќ ја пречека Урсула фон дер Лајден, за половина час ќе се сретне со Пендаровски

Маричиќ-ја-пречека-Урсула-фон-дер-Лајден-за-половина-час.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ ја пречека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која штотуку пристигна на Меѓународниот аеродром Скопје.


„Добредојде во Скопје за претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, од каде ја започнува турнејата низ Западен Балкан.
Посетата е позитивен сигнал за европската перспектива на регионот и е во клучен момент за нашиот евроинтегративен процес. Имаме важни прашања кои треба да ги отвориме за реформите и обврските пред завршувањето на скрининг процесот и пред објавата на годишниот Извештај за напредокот за 2023 година. На утрешниот состанок очекувам корисна и плодна дискусија фокусирана на следните чекори и планови за брз напредок кон полноправно членство во ЕУ“, стои во објавата на Фејсбук профил на вицепремиерот Маричиќ.

Претседателката на Европската комисија денеска ќе се сретне со претседателот на Републиката, Стево Пендаровски, а утре премиерот Димитар Ковачевски со свечена церемонија ќе ја пречека на платото пред Владата, по што ќе следува билатерален состанок на двете делегации и заедничка прес-конференција.

Од Скопје, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја започнува четиридневната турнеја низ државите на Западен Балкан, а пред да продолжи за Приштина заедно со премиерот Ковачевски, вицепремиерот за европски прашања Маричиќ и евроамбасадорот Гир, ќе го посети индустрискиот капацитет „Џанвики ДОО“ за преработка на зеленчук и овошје, најголемиот корисник на ИПАРД програмата во државата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK