Спасен и таткото на фудбалерот на Ливерпул – киднаперите убиени?

Спасен-и-таткото-на-фудбалерот-на-Ливерпул-–-киднаперите-убиени.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Заврши драмата на фудбалерот на Ливерпул, Луис Дијаз. Медиумите во Колумбија објавија дека, полицијата успеала да го спаси неговиот татко. За потсетување, таткото и мајката на Дијаз беа киднапирани во саботата попладне во близина на нивниот дом, во Баранкас. Намерата на киднаперите била да ги префрлат в Венецуела.



Киднаперите, инаку, под закана со пиштол ги принудиле да влезат во возилото, додека двајца мажи со мотор ги следеле. Набргу неговата мајка била пронајдена и спасена на северот на земјата.

Полицијата потврди дека мајката на Диас, Силенис Маруланде била спасена.

Неговата мајка била фотографирана во текот на ноќта додека во солзи се среќавала со своите роднини.

Локалните медиуми објавија дека таткото на Луис Дијаз бил ослободен по престрелка, при што полицијата убила двајца од четворицата киднапери.

Се уште нема официјална потврда дека таткото на Луис е спасен.

Луис Дијаз во јануари 2022 година потпиша повеќе милионски договор со Ливерпул. Тој е репрезентативец на Колумбија. За својата земја има одиграно 43 натпревари, постигнал девет гола.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK