(Видео) Баерн за полувреме го декласира Дармштад, пораз на Штутгарт

Видео-Баерн-за-полувреме-го-декласира-Дармштад-пораз-на-Штутгарт.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Баерн Минхен го декласираа Драмштад со 8:0 во деветото коло. Сите голови Баерн ги постигна во второто полувреме, во периодот од 51 до 88.минута.


Чуден тек имаше мечот во Минхен. Започна со црвениот картон што го доби Кимих по само четири минути игра. Силите на теренот беа израмнети во 21.минута кога црвен каротон доби Ѓасула, а 20 минути подоцна гостите останаа и без Маглица и тој беше исклучен.

Во вториот дел во ситуација 10 на девет, Баерн го декласира ривалот.

Хет-трик постигна Кејн, по два гола дадоа Мусијала и Сане, а меѓу стрелците се запиша и ветеранот Милер.

Мечот го обележа враќањето на Ноер на голот на Баерн и голот на Кејн во 69.минута, кога од 50 метри успеа да го лобува противничкиот голман.

Резултати:

Штутгарт-Хофенхајм 2:3
Вердер-Унион Берлин 2:0
Аугсбург-Волфсбург 3:2
Борусија Менхенгладбах-Ханденхајм 2:1.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK