Претрес во Идризово: пронајдени се над 80 ножа и шила за бодење, дрога, мобилни телефони

Претрес-во-Идризово-пронајдени-се-над-80-ножа-и-шила.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска полициски службеници од Бирото за јавна безбедност во координација со ОЈО Скопје, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во Казнено поправната установа Идризово, во полуотворено одделение, при што се пронајдени 63 мобилни телефони, 82 ножа, 4 шила, 71 полнач за телефони и дрога.


При преземањето службени дејства, се собрала поголема група затвореници која пружила активен отпор, но биле совладани по преземени мерки и активности. При тоа, со повреди се здобиле 10 полициски службеници, а со повреди се здобиле и дел од затворениците.

По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, велат од МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK