Објавени првите слики од внатрешноста на Газа денеска

Објавени-првите-слики-од-внатрешноста-на-Газа-денеска.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Почнаа да се појавуваат некои од првите фотографии направени во Газа по синоќешното бомбардирање.


Фотографите на Асошиетед прес во Рафа, во близина на границата со Египет, ги снимија овие слики на семејства кои минуваат покрај уништените згради и превртените автомобили.

Израелски борбени авиони погодија 150 „подземни цели“ во северниот дел на Газа за време на интензивните ноќни напади, соопшти армијата во саботата.

Агенцијата Франс прес објави воено соопштение во кое се вели дека погодените локации вклучуваат „терористички тунели, подземни борбени простори и дополнителна подземна инфраструктура“.

Биле убиени и неколку терористи на Хамас.

Дописниците од Појасот Газа и јужниот дел на Израел соопштија дека гранатирањето и воздушните напади продолжиле и утринава.

Во сателитски ТВ пренос во живо од Газа во саботата наутро, дописникот на Ал Џезира го опиша прекинот на интернет и телефонската комуникација како „катастрофален“ за спасувачките напори по ноќното силно израелско бомбардирање.

Не можејќи да стигнат до службите за брза помош, Палестинците со своите автомобили ги превезувале мртвите и повредените во болница, јави Ројтерс, цитиран од дописникот.

„Газа моментално е затемнета“, рече Палтел, најголемиот телекомуникациски провајдер во Газа.

Светската здравствена организација (СЗО) не е во контакт со својот персонал и здравствените установи во Газа, напиша шефот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус во објава на платформата за социјалните медиуми Х, порано позната како Твитер.

„Затемнувањето исто така го оневозможува амбулантното возило да стигне до повредените“, рече Тедрос.

„Евакуацијата на пациентите не е можна во такви околности, ниту да се најде безбедно засолниште“, рече тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK