Случајот на Брезеви е во центарот на судскиот процес против Клиника Жан Митрев и д-р Митрев и се започна со објавување на нивната приказна. Но, сведочењето на Мелита Брезева покажа дека освен трагедијата што го снајде ова семејства, целата приказна е базирана на неточни информации. Сето она што претходно беше претставено за лечењето на Брезеви, самата Мелита Брезева го демантира со своето сведочење.
Една од првите работи што беше неточно претставена е дека хемофилтрацијата им била наметната, а за ова прашање Брезева ќе сведочи „стриктно во однос на хемофилтрацијата веќе ви реков дека токму Никола беше оној кој кога одеше во Клиниката Жан Митрев за да превентивно се пријави за лекување за да случајно не му се влоши состојбата повеќе, беше оној кој беше уверен дека хемофилтрацијата ќе му помогне ако дојде до тоа, истото се забележува и од пораките кои ми ги праќаше мене токму тој, вистина веруваше во тоа“.
Докторскиот конзилиум првично оценил дека пациентот на треба да прима хемофилтрација, според сведочењето на Брезева – „на 27 март 2021 година, се сеќавам дека ми се јави и ми рече дека ќе го стават на хемофилтрација, дека го преместиле во друга соба. Тој цела ноќ бил во исчекување дека ќе му направат хемофилтрација, но утредента ми рече дека е одлучено од конзилиум од лекарите да не му прават. Инаку Никола самиот веруваше дека хемофилтрацијата е многу добра, дури и во пораките ќе забележите дека ми пишува дека ќе сака да му направат хемофилтрација и вели дека на тие кои им прават побрзо се подигаат, така мислеше тој“.
Во своето излагање, Брезева уште кажа дека нејзиниот сопруг по првата хемофилтрација имал негативен тест за корона.
Исто така, сведочењето на главниот сведок откри дека од ова семејство петмина се лечеле со хемофилтрација. Двајца се хоспитализирани пред Никола Брезев, а двајца по неговата хоспитализација. Кај тројца од нив воопшто не е употребена хемофилтрација. Три хемофилтрации имало кај пациентот Никола Брезев, а една хемофилтрација му била направена на Борче Леков, зет за сестра на Никола. Кај таткото, мајката и ќерката на Никола не била направена ниту една хемофилтрација, иако тие биле хоспитализирани и лекувани од Ковид 19 во Клиника Жан Митрев.
На сите од ова семејство вратени им се парични средства приближно 26.000 евра.
Но и покрај тоа, семејството Брезеви има поднесено тужба против Клиника Жан Митрев за оштета.
Независно од тоа, и покрај своето сведочење што ги поби наводите на обвинителството Мелита Брезева бара оштетно побарување и тоа за износите кои ги платила, според нејзина евиденција три хемофилтрации од по 183.000,00 денари.