Хамилтон ја предупредува Формула 1: Проверете повеќе болиди, многумина не би поминале

Хамилтон-ја-предупредува-Формула-1-Проверете-повеќе-болиди-многумина-не.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, рече дека повеќе болиди треба да се проверат по трките и дека многу од нив нема да ја поминат контролата, откако тој и возачот на Ферари, Шарл Леклер беа дисквалификувани по трката за ГН на САД во Формула 1 во Остин.


Седумкратниот светски шампион минатата недела заврши на второто место во Остин, а Леклерк беше шести, но по проверка и двајцата беа дисквалификувани затоа што подот на нивните болиди бил поставен премногу ниско, што предизвика прекумерно абење.

„Лудо е што тестираа само четири болиди и 50 отсто од нив беа дисквалификувани. Имам информации дека многумина имале неправилности на своите болиди, но се извлекле“, изјави Хамилтон, а пренесе „Скај спорт“.

Освен болидите на Хамилтон и Леклер, прегледани се и болидите на победникот на трката во Остин, актуелниот шампион Макс Ферстапен од Ред Бул и болидот на Мекларен на Ландо Норис.

„Кога имате рамна површина, секој ќе се обиде да го постави својот автомобил што е можно пониско. Некои автомобили подобро се справуваат со нерамнините од другите, а знаете дека имавме крут автомобил во последните две години. Но, тоа не беше според прописите и тоа мора да се промени“, изјави Хамилтон.

„Се тркам 16 години. Имаше многу сценарија кога луѓето се извлекуваа со одредени работи, а некои немаа среќа затоа што беа тестирани. Мислам дека е потребна подобра структура, во смисла да се направи сè да биде фер“, додаде рекордот по број на победи во Формула 1.

Ландо Норис рече дека ако има техничка неправилност на еден болид во тимот, големи се шансите вториот да е неисправен.

ФИА не ги прегледа болидите на Ферари на Карлос Саинц и на Мерцедес, на Џорџ Расел. По дисквалификацијата на тимските колеги тие се искачија на третото, односно петтото место.

Формула 1 шампионатот продолжува викендов со Големата награда на Мексико во недела од 21 часот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK