Одобрени урбанистичките проекти за патните делници Тетово-Гостивар и Гостивар-Букојчани

avtopat-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владата, на денешната седница, разгледа и усвоии информации за одобрување урбанистички проекти за градби од стратешки интерес, за изградба на патен Коридор 8, делница на автопат: Тетово – Гостивар, како и делница на автопат: Гостивар – Букојчани и донесе одлуки за двата урбанистички проекта.


Владата го одобри Урбанистичкиот проект за градби од стратешки интерес за изградба на патен Коридор 8, делница на автопат: Тетово – Гостивар. Во оваа фаза, предмет на овој Урбанистички проект се 15.4 км од вкупната должина. Останатиот дел од трасата ќе биде предмет на дополнителни урбанистички проекти. Вкупната должина на автопатската делница Тетово – Гостивар е околу 17.5 км.

Владата го одобри и Урбанистичкиот проект за делницата на автопат Гостивар – Букојчани, од патниот Коридор 8. Во оваа фаза предмет на Урбанистичкиот проект, како што е посочено, ќе бидат 8.43 км од вкупната должина. Останатиот дел од патната делница ќе биде разработен во следните фази на проектирање. Вкупната должина на автопатската делница Гостивар – Букојчани е околу 30.4 км.

Овие урбанистички проекти се изработени согласно Законот за урбанистичко планирање, Правилникот за урбанистичко планирање и останатата законска регулатива, којашто е релевантна за проектниот процес и реализација на проектот.

Со ова, Владата јасно покажува дека е силно фокусирана на доизградба на патниот Коридор 8, како стратешки проект од национален интерес, се наведува во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK