Светската здравствена организација денеска објави 7.028 смртни случаи во Газа, од кои повеќе од 40 отсто се деца. СЗО цитираше податоци од Министерството за здравство во Газа, кое е под управа на Хамас, пишува Би-би-си.
Се додава дека има 18.482 повредени и дека 23 од 35 болници се уште делумно функционираат. СЗО вели дека на 1.000 луѓе во Газа им е потребна дијализа, 30 предвремено родени бебиња се во инкубатори, а на 2.000 пациенти со рак им е потребен итен третман. Сето ова станува исклучително тешко остварливо поради недостаток на гориво за напојување на генераторите на болницата.
Претставник на СЗО ги спомна очајните услови во болниците кои се уште работат, каде тешко повредените пациенти се оперираат во ходниците без анестезија, а насекаде има „мирис на смрт“.