Вчера вечер во 20.15 часот на подрачјето на Центар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода 44-годишниот С.М. од Скопје, поради тоа што физички нападнал полициска службеничка која извршувала службени дејствија, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.