Тејлор Свифт се осврна на муабетите дека тајно излегува со некои свои пријателки – инсистирајќи дека нејзините пријателства со жени се сензационализираат и сексуализираат од страна на некои луѓе.
Поп-ѕвездата (33) се отвори за својот љубовен живот во искрен пролог напишан на нејзиниот преснимен албум „1989“ (верзија на Тејлор“) – откривајќи дека се заколнала дека ќе апстинира од средби со мажи бидејќи не било можно да се дружи со маж без да почнат да се шират муабети дека е во врска со него. Но, и дружбата со пријателките исто така имала контраефект.
„Ми стана јасно дека за мене не постои нешто како повремени средби, па дури ни кога имам машки пријател со кој платонски се дружам. Ако ме виделе со него, се претпоставува дека спијам со него. И така, се заколнав да не се дружам со момци.“
„Запознавање, флерт или што и да е, сето тоа го наметнува против мене култура која тврди дека верува во ослободување на жените, но доследно ме третира со остри морални кодекси од викторијанската ера…“ пишува Тејлор.
„Се заколнав и решив да се фокусирам само на себе, својата музика, својот развој и женските пријателства. Ако се дружев само со моите пријателки, луѓето нема да можат тоа да го сензационализираат или сексуализираат, нели?“.
Пејачката и претходно инсистираше на тоа дека е поддржувач на ЛГБТ+ заедницата иако не е дел од неа.