Наместо итна акција на ЈО и институциите за скандалот „Лотарија“, тие си ја префрлаат топката меѓу себе, оставајќи простор за забошотување, влијанија и сокривање на криминалот и корупцијата, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Перпарим Бајрами, директорот на „Лотарија“, за 2.6 милиони евра изнајмува простор од фирма каде удел има и Шабан Азмовски Хамза, член на УО на Лотарија, а двајцата се дојдени од министерството на Артан Груби!
Чист случај на корупција, чист предмет за ЈО“, истакнува Стоилковски.
ЈО, според него, молчи и бега од темата и е во функција да не падне владата.ч
„Зошто ЈО се крие од постапка за „Лотарија“? Што го спречува ЈО за организиран криминал? Зошто ЈО да чека?
Дали зад чекањето и префрлувањето топката се фотографиите на Ислам Абази со ДУИ, или изборот на Јовески за уставен судија?
Или можеби фактот дека зад фирмата ХЕЈ којашто за 6 месеци се основа, купи имот и фати тендер од 2.6 милиони евра, е Армин Машовиќ од тимот партнери на Ерџан Сулкоски поврзан со семејните бизниси на кланот Зајас?“, прашува Стоилковски.
Додава дека се ужасни низите криминали и корупција поврзани со ДУИ, Артан Груби, Ахмети, кланот од Зајас, а институциите не смеат да писнат.
Злоупотребата на службата, како што вели, се прави и со постапка и со непостапување по опис на службата, и за тоа ќе има одговорност по смена на власта.