Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот Сумба во Индонезија, соопшти Германската геонаучна опсерваторија (ГФЗ).
Претходно, беше објавено дека проценетата јачина на земјотресот е 5,5 степени, но подоцна беше ревидирана на 5,3 степени, пренесува „Ројтерс“.
Според ГФЗ, земјотресот бил на длабочина од 52 километра. Засега нема извештаи за штети или евентуални жртви.