(Видео) Последната песна на „Битлси“ излегува во ноември, 53 години по распадот на бендот

Видео-Последната-песна-на-„Битлси-излегува-во-ноември-53-години.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Цели 53 години откако се расформира, славниот британски бенд „Битлси“ се враќа во ноември со песна снимена со помош на вештачка интелигенција, која го извлече вокалот на Џон Ленон од стара снимка, и на тој начин, практично повторно ја обедини легендарната четворка.


Употребата на вештачка интелигенција овозможи миксирање на песна преземена од демо снимка на Џон Ленон. Во оригиналното демо беа додадени снимките на електрична и акустична гитара од Џорџ Харисон од 1995 година, пред неговата смрт во 2001 година. Песната беше завршена минатата година во студио во Лос Анџелес, со мешање на тапаните на Ринго Стар, пијаното и басот на Пол Макартни.

Двајцата преживеани членови на бендот, Пол Макартни и Ринго Стар, во четвртокот најавија дека новата нумера Now and Then („Сега и тогаш“) ќе биде објавена на 2 ноември.

Песната е создадена врз основа на демо-снимка која Ленон ја направил во својот стан во Њујорк. Четиринаесет години по убиството на Ленон (1980), неговата сопруга Јоко Оно им подари на останатите членови на бендот снимка на вокал и пијано.

Подоцна тие ја обработија, но никогаш не можеа да ја објават бидејќи досегашната технологија не дозволуваше гласот на Џон Ленон да се истакне со задоволителен квалитет. Ова сега е возможно, а беше поттикнато од документарната серија Get Back во режија на Питер Џексон (2021).

Режисерот на трилогијата „Господарот на прстените“ користел нова технологија за да го извлече гласот на Ленон од аудио лентата и да го одвои од пијаното.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK