Актерката Софија Вергара ги воодушеви следачите на „Инстаграм“ кога сподели фотографии од својот walk-in плакар кој зафаќа цела просторија.
Во гардероберот во форма на соба таа има сè – од чевли, луксузни чанти, облека за црвен тепих до лежерни модни комбинации.
На голем остров среде собата има врамени фотографии на Софија од младоста, а една таква е закачена на ѕидот.
Гости на Софија ѝ беа Џули Бовен и Џеси Тајлер Фергусон, колеги од ТВ-серијата „Модерно семејство“, како и сопругот на Фергусон, Џастин Микита.
„Попладне со моите најмили луѓе на светот, вратете се брзо, ми недостасувате,“ напиша Софија.
Групата се забавуваше и се фотографираше во просторијата за облека, а Џастин позираше и со еден куп чевли на Софија.
Во коментарите на објавата на Софија се јави и колега од серијата.
„Барем еднаш уживав дека сум во плакар,“ коментираше Џеси под објавата на Софија. Со својот коментар насмеа илјадници луѓе и доби 28.000 лајкови.
За потсетување, Вергара неодамна се разведе од актерот Џо Манганиело.
„Ние ја донесовме тешката одлука да се разведеме. Како две личности кои многу се сакаат и се ценат еден со друг, љубезно бараме да се почитува нашата приватност во овој момент додека се движиме низ оваа нова фаза од нашиот живот,“ порачаа во заедничка изјава.