Крмов: Девет месеци нема тендери за глукомери и ленти за дијабетичари

Крмов-Девет-месеци-нема-тендери-за-глукомери-и-ленти-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пратеникот од Левица Борислав Крмов со прашање за третманот на дијабетичарите.


„Владата носи програма за набавка на инсулин, ленти за дијабетичари, глукомери и инсулински игли. Од овие препарати, помагала и лекови, само инсулинот е законски загарантиран. Во моментов, глукомери и ленти за дијабетичари нема веќе девет месеци.

Пациентите се приморани да ги купуваат на приватно и тоа ги чини околу четири илјади денари месечно. Фондот одбива да им рефундира и тие, за да си ги вратат парите назад, ќе бидат приморани да тужат“, вели тој.

Крмов со конкретно прашање: Зошто сѐ уште доцни тендерот за набавка на глукомери и ленти за дијабетичари, кога конечно ќе го има и дали воопшто се размислува во министерството за модернизација со инсулински пумпи и системи за континуиран мониторинг на гликемија“.

„Заменичке, ние зборувавме со пациенти, ова ни го кажаа пациенти, денеска, пред пратеничките прашања. Лековите ги немаше девет месеци, единаесет месеци. Кое е тоа оправдување дека ги има?! Ги има неколку дена и потоа пак снемува. И инсулин нема повремено, а тој е гарантиран со закон. Не верувам дека овие луѓе лажат – повремено немаат инсулин, повремено нема ништо. А лековите и помагалата кои живот значат ги немаше девет до единаесет месеци.

Велите имало инсулински пумпи? Можеби имало, ама на приватно. Ние зборуваме да станат законска категорија, како што предложивме ние – вие да сте обврзани да им ги набавувате, значи да бидат ставени на позитивна листа во Фондот, а не пациентите да ги плаќаат приватно прескапо. Секако дека сѐ имаме на приватни клиники, третмани кои чинат илјадници евра, но тоа ништо не му значи на обичниот човек кој не може да си го дозволи тоа“, рече Крмов.

Ги праша надлежните дали се подготвени за модернизација, „да го поддржат законот кој го предлага Левица, за третманот на дијабетесот да стане законска категорија, да биде обврзувачки за владата“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK