Петкоска до Бектеши: Ветувавте дека комплексот „Македонско село“ ќе го претворите во стартап, а со години зјае празно

Петкоска-до-Бектеши-Ветувавте-дека-комплексот-„Македонско-село-ќе-го.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денес после цели 3 години од изјавата за вашите приоритети не само што „Македонско село“ не стана стартап село туку веќе не е ни туристичка атракција бидејќи зјае празно и е забрането за посетители. Идентично како се што е на најава и очекување, истакна пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Лидија Петкоска на денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашања.


Го праша Бектеши кога конечно да се очекуваат измените и дополнувањата на законот за угостителска дејност.

Едно од прашањата се однесуваше и на тоа што се ветуваше во текот на изборите за професионални државни институции и департизиран државен апарат. Таа запраша за тоа, која е точната бројка на директори и ВД директори во 30-те центри за социјална работа низ Македонија?

„Четири години потоа имаме институции преполнети со партиски кадри и партиска држава со привилегии за членовите на СДС и ДУИ. Наместо ветената професионализација на институциите донесовте брутална партизација на општеството. Сведоци сме дека голем број на институции наместо со директори функционираат со вршители на должност односно ВД директори“, кажа Петкоска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK