Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се сретна со амбасадорот на Република Словенија во Македонија, Грегор Прескер кој од септември годинава стапи на должноста.
Мицкоски го информираше Прескер за ситуацијата во државата. Притоа во текот на разговорот акцент беше ставен на корупцијата и криминалот, како и на претстојните парламентарни и претседателски избори.
Мицкоски предочи пред амбасадорот Прескер за сознанијата дека постојано се појавува нов коруптивен скандал во кој вклучени се лица од власта, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски, според соопштението, укажа на лошата економска ситуација во која е државата, како и за зголеменото незадоволство и сиромаштија кај граѓаните. Посочи дека лошата економска состојба за која говори и последниот извештај на Светската банка е последица на лошите политики на Владата.
Беше укажано и на неспособноста на власта да се справи со било кој предизвик информирајќи дека кај власта нема воопшто интерес за прецизирање на термин за претстојните парламентарни и претседателски избори.