Стојаноски до Ковачевски: Мислите ли дека просечен пензионер може да преживее од пензијата

Стојаноски-до-Ковачевски-Мислите-ли-дека-просечен-пензионер-може-да.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во изминатиот период беше актуелен извештајот на Светската банка кој со жежок шамар ги симна розевите наочари на власта. Сиромаштијата и пропаста на економијата толку го зема данокот, што 600 илјади граѓани живеат на маргините на опстанок, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања.


Стојаноски посочи дека откако Димитар Ковачевски е премиер, цената на храната е повисока за 44 проценти, цените за одржување на здравјето се повисоки за 13 проценти, за комуналии скоро 27 проценти.

„Дали мислите дека во вакви услови просечен пензионер може пристојно да го помине месецот“, праша тој.

Стојаноски посочи дека Анкетната комисија за случајот Онкологија и Комисијата за финансирање и буџет расправаа за извештајот на Ревизија.

„По ова ве прашувам дали гарантирате дека нема да се случи ваков сличен скандал во друга јавна здравствена установа во скоро време“.

Следното прашање од Стојаноски до Ковачевски се однесуваше на одржувањето на претстојните парламентарни и претседателски избори.

„Вакво вешто бегање од избори немало досега, бегате од соочување со народот, не сакате да разговарате за датум за избори очигледно јасно ви е со што ќе се соочите на изборите. Затоа јасно ве прашувам кога ќе престанете да бегате од соочување со народот и зошто бегате од двојни избори“, праша Стојаноски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK