Ова е сексизам, да и се извините на министерката, рече Ковачевски откога Ковачки искоментира дека премиерот пак се сокрил под женска сукња

Ова-е-сексизам-да-и-се-извините-на-министерката-рече.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот Димитар Ковачевски во собраниската сала зборуваше за жените министерки и обвини за сексизам, испровоциран од пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки кој му рече дека се сокрил под женска сукња.


На ова претходеше прашање што Ковачки му постави прашање на Ковачевски, а се однесуваше на тоа дали бил запознаен со сексуалното вознемирување од страна на офицери во Армијата, но одговор доби најпрво од министерката Петровска.

По нејзиното излагање, пратеникот Ковачки искоментира: „Премиерот повторно избега и се сокри зад женската сукња на министерката за одбрана“, што предизвика галама во собраниската сала, но и коментар од Ковачевски.

„Јас сум многу горд што имам предложено жени за министри и сум горд што тие жени имаат исклучително добри перформанси. И Славјанка Петровска и Славица Грковска, Јована Тренчевска, Шукова, министерката за култура Костадиновска Стојчевска на сите нив сум горд без разлика дали на работа ќе дојдат во фармерка или во друга гардероба. И навистина не личи на Собрание кое го гледаат сите генерации на директен пренос да се користат сексизми и да се користи омлаоважување на жената со оглед на тоа дека жените можат многу поквалитетно од мажите да ја обавуваат било која функција и тоа овие министерки го потврдија. Јас лично сметам дека треба да се извините на министерката за она што го кажавте, но тоа е домашно ваше воспитување и образоавание“ му рече Ковачевски на Ковачки.

Ковачки потоа му возврати: „Тоа дека се криете зад женска сукња е факт и не го измислив јас. Тоа го измисли вашата менторка Радмила Шекеринска. Потсетете се и ќе видите дека тоа е нејзина изјава“.

Ковачки со обвинувања дека високи офицери сексуално вознемирувале колешки, Петровска рече дека ги пријавила сите информации

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK