Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека нема да бара разрешување на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, откако претходно пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки од собраниската говорница го наметна прашањето.
„На највисоко ниво се перформансите на министерството за внатрешни работи во делот на справување со криминалитетот, во делот на спречување на илегална миграција, во делот на инвестиции во објекти опрема во МВР. Сите бројки се јавно достапни во однос и на идентификување на криминални влијанија во државата од сите видови кои што се на многу повисоко ниво од тоа што беа во претходните години како и во однос на справувањето на различни видови со криминал, се доказ дека се работи за министер и негов тим кој што работат на професионално ниво“, рече Ковачевски.
Пратеникот Ковачки во образложението за Спасовски рече дека престрелките станале секојдневие, а МВР нема расветлено 20 убиства во Скопје во мандатот на Спасовски.
По којзнае кој пат полицијата не дејствувала превентивно и не реагирала на најавите за убситвото на социјалните мрежи, рече Ковачки.