Одложено е денешното судско рочиште во врска со нападот врз секретарот на бугарскиот културен клуб во Охрид, Христијан Пендиков, што се води пред Основниот суд во Охрид.
Во судницата присутен беше Пендиков, но рочиштето беше одложено по барање на одбраната на второобвинетиот бидејќи се уште во целост ги немаат разгледано доказите кои обвинителството им ги става на товар.
Следното рочиште е закажано за 1 декември.