Ердоган: Меѓународната заедница молчи за масакрот во Газа, тоа е срамно

Ердоган-Меѓународната-заедница-молчи-за-масакрот-во-Газа-тоа-е.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелските напади врз Газа се еднакви на масакр, му рекол турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на папата Франциско за време на телефонски разговор. Тој додаде дека молкот на меѓународната заедница е срамен, пишува Скај Њуз.


Ердоган вчера ја критикуваше и реакцијата на Западот на израелските напади.

Тој во обраќањето пред претставниците на неговата партија во парламентот рече дека Хамас не е терористичка организација, туку група муџахедини кои ги бранат своите земји.

„Целење кон нашите палестински браќа, вклучително и деца, пациенти и стари лица, дури и во училиштата, болниците и џамиите, е злосторство против човештвото. Солзите на Западот што се пролеа за Израел се манифестација на измама“, нагласи тој, додавајќи дека ја откажал планираната посета на Израел.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK