Манчестер јунајтед ќе го врати голманот Давид Де Хеа на „Олд Трафорд“. Шпанецот пред три месеци го напушти клубот.
Ерик тен Хаг пред почетокот на сезоната ургираше и успеа да ги убеди клупските челнци да го донесат Андре Онана.
Онана пристигна од Интер за 47 милиони фунти. Во моментов игра во променлива форма, а на последниот натпревар, против Копенхаген во ЛШ, одбрани пенал во последните секунди и му ја донесе победата на својот тим.
Како што стојат работите, Онана ќе биде надвор од терените во јануари кога ќе му се приклучи на Камерун за Африканскиот куп на нации. Претпоставките се дека тогаш Онана ќе пропушти осум натпревари.
Де Геа не најде клуб по заминувањето од Јунајтед, се споменуваше Баерн Минхен, но тоа не се оствари.
Шпанецот би можел да се врати на „Олд Трафорд“, по само три месеци од неговото заминување, со оглед дека поради отсуството на Онана, на Јунајтед ќе му ббиде потребен стабилен голман.
Ерик тен Хаг на располагање го има дебитантот, Алтај Бајиндир, кој се уште нема запишано ниту една минута на голот на Јунајтед и ветеранот Том Хитон, кој оваа сезона има големи проблеми со поведите.