Македонија ЃП го елиминира Вардар, Работнички подобра од Шкендија, Струга испадна од Воска

Македонија-ЃП-го-елиминира-Вардар-Работнички-подобра-од-Шкендија-Струга.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бранителот на титулата во Купот на Македонија, екипата на Македонија ЃП преку Вардар избори пласман во четвртфиналето. Во второто дерби Работнички ја елиминираше Шкендија. Натпреварите во Купот, во осминафиналето, ги заврши минатосезонскиот финалист Струга ТЛ. Стружани на пенали беа елинимирани од Воска.


Работнички до предност дојде со голот на Стојановски деветта минута, но до крајот на првиот дел Шкендија направи пресврт со головите на Цаке во 16. и Елези во 43.минута.

Нов пресврт, овој пат на Работнички следуваше во првите 15 минути од вториот дел, кога мрежата на Шкенсија ја погодија Гандо и Мазари.

Бранителот на трофејот Македонија ЃП продолжува понатаму по победата над Вардар. Голот на Алији во 63.минита го реши победникот.

Осминафиналните пресметки во Купот ја обележа победата на Брегалница над стружи Јанг Тим од 11:0

Натпреварите во Струмица и Охрид, меѓу АП Брера и Гостивар, односно Воска спорт и Струга ТЛ беа решени по изведувањето на пенали, откако по 90 минути на двете средби немаше голови.

Резултати:

АП Брера-Гостивар 0:0 (на пенали 5:4)
Брегалница-Јанг Тим Струга 11:0
Пелистер-Тиквеш 0:1
Работнички-Шкендија 3:2
Шкупи-Охрид 4:0
Силекс-Башкими 3:2
Вардар-Македонија ЃП 0:1
Воска спорт-Струга ТЛ 0:0 (на пенали 4:1)

Фото/ fkrabotnicki.com

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK