82-годишен старец во Јужна Кореја доживеал срцев удар откако почнал да се гуши од парче „жив октопод“ или „сан-накџи“, локален специјалитет направен од свежо отсечени пипала кои сè уште се виткаат.
Спасувачките служби во јужниот град Гвангжу добиле повик дека парче „сан-накџи“ е заглавено во грлото на маж.
„Кога итната помош пристигна на местото на настанот, мажот доби срцев удар, а тие извршија реанимација“, вели службено лице, додалвајаќи дека нивниот обид да го спасат мажот бил неуспешен.
„Сан-накџи“ е јадење направено од октопод кој се сече и се служи сиров, а често се јаде во крајбрежните области на Јужна Кореја или на локалните пазари.
CNN наведува дека тоа е едно од најопасните јадења во светот.
Опасниот дел од оброкот доаѓа кога човек се обидува да го голтне пипалото, бидејќи тоа може да се залепи за образите или грлото, а опасноста од задушување е доста голема.
Секоја година, „сан-накџи“ убива во просек по шест луѓе во Јужна Кореја.