Италијанските медиуми објавија дека Серија А потпишала нов договор за ТВ права вреден 4,5 милијарди евра за пет сезони. Договорот беше постигнат по преговорите со ТВ куќите кои траеја четири месеци, а за потпишување на овој договор гласаа 17 од 20 прволигаши.
Договорено е 900 милиони евра, клубовите да делат по сезона. Договорот е со важност до крајот на сезоната 2028/29. Тоа е нешто помала сума од постоечкиот договор.
Натпреварите ќе ги пренесуваат телевизиите „ДАЗН“ и „Скај Италија“.
„ДАЗН“ ќе плаќа 700 милиони евра по сезона за преносите на сите натпревари, а „Скај Италија“ ќе го преземе преносот на три натпревари по коло за 200 милиони евра по сезона.
Веднаш по објавата дека е потпишан овој договор, стигнаа и првите критики.
Аурелио Де Лаурентис, контроверзниот претседател на Наполи се огласи и во изјава за „Газета дело Спорт“ рече: „Ова е целосен пораз за италијанскиот фудбал. Овие договори ќе значат смрт на италијанскиот фудбал“.