Пет лица се здобија со полесни повреди откако голем број ракети лансирани од Газа паднаа во централен Израел, соопштија службите за итни случаи.
Две од пет лица беа погодени од шрапнел – 45-годишен маж во Беер Јаков и 40-годишен маж во Холон.
Две постари лица и една 35-годишна жена во Калa се повредени на пат кон прифатилиштето, се наведува во соопштението.
Локалните медиуми го опишаа ракетниот истрел, кој ги активира сирените за воздушен напад во централен Израел, како еден од најголемите од нападот на Хамас на 7 октомври.