Израел не сака војна со либанскиот Хезболах на северната граница, изјави израелскиот претседател Исак Херцог.
За време на средбата со францускиот претседател Емануел Макрон во Тел Авив, тој рече дека Израел е фокусиран на борбата против Хамас во Појасот Газа.
„Сакам да објаснам дека не сакаме конфликт на нашата северна граница, не сакаме конфликт со никого“, рече Херког, додавајќи:
„Меѓутоа, ако Хезболах не вовлече во војна, треба да биде јасно дека Либан ќе го плати цехот“, пренесува „Срна“.