Гладот и сиромаштијата за народот, кои ги донесе оваа власт, се најголемата закана за иднината на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

VMRO-DPMNE-sedishte-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од партијата ВМРО-ДПМНЕ велат дека во Македонија до крајот на оваа 2023-та година, веќе ќе има 600 илјади граѓани, кои ќе живеат во сиромаштија, со 150 денари на ден, што е секој трет човек во државата, а таа бројка пред само неколку години била 360 илјади граѓани.


„Со бедни 80 денари на ден, преживуваат 80 илјади луѓе. Ова се поразителни и катастрофални бројки. Во исто време сведоци сме дека функционерите на ДУИ и СДС, секој ден се богатат на грбот на народот и тоа не само они, туку и нивните деца и внуци, кои вртат милионски суми и купуваат имоти на атрактивни локации во центарот на Скопје“, дополнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што велат, граѓаните бараат одговорност, а одговорноста ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ, по убедливата победата на следните избори.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK