Американски сенатор уапсен во Хонг Конг поради поседување на оружје

Американски-сенатор-уапсен-во-Хонг-Конг-поради-поседување-на-оружје.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сенаторот од државата Вашингтон, Џеф Вилсон, беше уапсен во саботата на меѓународниот аеродром во Хонг Конг и обвинет за поседување огнено оружје без дозвола, дело казниво до 14 години затвор и парична казна од повеќе од 12.000 долари објави „RTHK“. Тој во понеделникот се појави на суд во Ша Тин и беше ослободен со кауција, јавува Си-Ен-Ен.


Вилсон рече дека не знаел дека го спакувал пиштолот во актовката.

„Тоа беше искрена грешка. И очекувам ситуацијата наскоро да се реши“, рече Вилсон.

Вилсон кажа дека „го открил оружјето на лет меѓу Сан Франциско и Хонг Конг“.

„Тој не сфатил дека пиштолот е во неговата актовка кога поминал низ обезбедувањето на аеродромот во Портланд, а скенерите за багаж не го забележале“, се додава во соопштението.

Вилсон се соочува со неговото следно сослушување во Хонг Конг на 30 октомври, објави „RTHK„.

Тој во својата изјава рече дека неговиот пиштол бил регистриран во државата Вашингтон.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK