Владејачката коалиција во Словенија денеска го осуди повикот на поранешниот словенечки премиер Јанез Јанша луѓето да се вооружат, по пропалестинскиот митинг што се одржа во четвртокот во Љубљана.
Лидерите на партиите од владејачката коалиција го нарекоа неговиот повик „целосно неодговорен“, пренесе агенцијата СТА.
On pro-#Palestine demonstration in #Ljubljana, #Slovenia, protesters also shouted anti-#Hamas paroles to support #Israel victims of Hamas massacres. pic.twitter.com/qIDxvSjxti
— Kajtimir Vojsk (@Kajtimir_Vojsk) October 19, 2023
Тие во заедничкото соопштение велат дека повикот на поранешниот премиер, лидер на опозициската Словенечка демократска партија е во спротивност со напорите на меѓународната заедница. Јанша претходно на платформата Х (Твитер), по пропалестинскиот митинг напиша: „Работите стануваат сериозни“. Вооружете се, легално“.
Лидерите на владејачката коалиција порачаа дека Словенија е демократска земја заснована на владеење на правото со силни институции во служба на редот и безбедноста.
„Безбедноста на луѓето е на прво место, затоа Владата е активна во следење на состојбите и преземање на сите неопходни мерки. Го осудуваме ширењето на паника, омраза и популизам и го отфрламе повикот на вооружување. Ваквите повици се спротивни на модерната и демократска Словенија и не се во духот на Европа заснована на солидарност“, наведуваат од коалицијата.
Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар исто така го осуди повикот на Јанша за оружје, велејќи дека таквите изјави треба да се третираат многу сериозно.