Фудбалерите на Тотенхем со победа на Фулам 2:0 ја спуштија завесата на деветтото коло во Премиер лигата. Со овој триумф Тотенхем се врати на првото место на табелата.
Тандемот Сон-Медисон и на овој натпревар го предводеше тимот на Ангелос Постекоглу.
Во 20.минута, по додавањето од Ришарлисон Сон го постигна првиот гол. Репрезентативеџот на Јужна Кореја во 54.минута му асистираше на Медисон кој го постави конечниот резултат.
Тотенхем на врвот сега има 23 поени, два повеќе од Манчестер сити и Арсенал.
Во следното коло Тотенхем гостува кај Кристал Палас, а Фулам кај Брајтон.
Foto/ EPA