Леброн ќе заработи најмногу оваа сезона, Јокиќ е деветти на оваа листа

Леброн-ќе-заработи-најмногу-оваа-сезона-Јокиќ-е-деветти-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс следната сезона ќе заработи 128 милиони долари.


За Леброн ова ќе биде 21. сезона во НБА лигата, од плата ќе заработи 47,6 милиони, додека „страна“, односно од спонзорските договори, дополнително ќе заработи околу 80 милиони.

Веднаш под него е Стеф Кари со 101,9 милиони. Кари со 51 милион всушност ја има и најголемата плата во лигата.

Следен е Јанис Адетокумбо со 90,6 милиони, а потоа Кевин Дурент (88,4), Клеј Томпсон (64,2) и МВП од минатата сезона Џоел Ембиид (56,6).

Џејмс Харден е осми по заработка со 55,6 милиони, Никола Јокиќ заработува 54,6, додека Топ 10 завршува со Пол Џорџ со 54,1 милиони.

Поголема вкупна плата од 50 милиони по сезона имаат Бредли Бил (53,2), Џими Батлер (52,7), Каваи Ленард (52,6), Лука Дончиќ (52) и Зајон Вилијамсон (50).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK