Израелските воздухопловни сили (ИДФ) употребија нова форма на оружје наречено „Ајрон Стинг“ за време на нападот против милитантите на Хамас, што е прва регистрирана употреба на овој прецизен минофрлач во борба.
Drone footage of Hamas rocket launchers attacked by Israeli Iron Sting guided mortar munition pic.twitter.com/Vss0Um4fNk
— GWAR69 🇩🇰🇺🇦 (@GwarWorin) October 22, 2023
Во објава на X, порано Твитер, ИДФ сподели снимка од нападот извршен од командоската единица Маглан и додаде дека оружјето е „иновативна и прецизна минофрлачка бомба“. Се вели дека минофрлачот бил насочен кон „воен пункт“ на Хамас што се користел за напади врз Израел и дека нападот бил извршен во текот на ноќта од сабота кон недела.
Генерал-мајор Омер Коен, командант на бригадата Маглан, рече: „Благодарение на прецизноста, смртоносноста и стручноста на борците, единицата Маглан во соработка со воздухопловните сили спречи десетици терористи преку различни средства, од кои еден е прецизниот „Iron Sting“.
🇮🇱🇵🇸 The IDF publishes footage of the use of the 120-mm Cardom mortar system with Iron Sting precision mines on targets in the Gaza Strip. #artillery #BREAKING#Gazabombing #evilcabalnetwork pic.twitter.com/PGdDst1DjQ
— C.K (@CK4004933247039) October 23, 2023
Новото оружје за прв пат беше претставено во март 2021 година, по завршувањето на тестирањето во јужен Израел и почетокот на производството за ИДФ.
„Ајрон Стинг“ ги задоволува потребите на ИДФ, приспособувајќи ги борбените способности за борба против непријателите скриени во цивилни, урбани средини, додека ги исполнува правните и моралните стандарди поставени од државата Израел“, рече тогашниот министер за одбрана Бени Ганц во 2021 година.