СДСМ: Македонската борба е за интеграција во ЕУ, а не за изолација

mkd-eu.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Македонската борба денес е борба за европска иднина на државата, за интеграција во ЕУ, како аманет на претходните генерации револуционери и одговорност и должност кон младите, идните генрации“, велат од СДСМ.


„Со СДСМ државата ги реализира стратешките цели. Од независноста во 1991-та година, преку членството во ООН во 1993 година до кандидатски статус за ЕУ во 2005 година. Во 2016-та година беше урнат режимот и повторно обновена демократијата, за во 2020-та година државата да стана членка на НАТО и две години подоцна да ги започне преговорите за членство во ЕУ, по 17 чекање со заштитен и обезбеден македонски јазик, идентитет, култура и посебност.

Македонската борба продолжува како политичката борба за подобра, европска иднина државата и на сите граѓани, а не за изолација и стагнација, што го нудат лажните патриоти од ДПМНЕ и Левица.

Нивната понуда е блокада на европскиот пат, изолација и неизвесност, економомско назадување, иселување на младите.

Европската иднина носи европски стандарди, повисоки плати и пензии, отворен пазар од 500 милиони жители за македонските компании, пристап до европските фондови.

Европскиот фронт предводен од СДСМ ја продолжува борбата за европска иднина, за подобар живот за сите граѓани, до полноправно членство во ЕУ“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK