(Фото) Прекинато дербито во Атина – фудбалер изнесен на носилки

Фото-Прекинато-дербито-во-Атина-–-фудбалер-изнесен-на-носилки.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градското дерби Олимпијакос и Панатинаикос беше прекинато во 50. минута.



Хуанкар, играчот на „зелените“ се загреваше покрај теренот, кога при прославата на израмнувачкиот гол на домашните, до него падна петарда.

Веднаш му беше укажана помош, на носилки беше изнесен од теренот, додека гостинските играчи решија да заминат во соблекувалната.

Во тие моменти на теренот беше и претседателот на црвено-белите Вангелис Маринакис, кој разговараше со своите играчи.

Се уште не се знае дали натпреварот ќе продолжи, а навивачите се уште не ги напуштаат трибините на стадионот „Јоргос Караискакис“.

Инаку, ПАО поведе на овој натпревар преку Јоргос Вајанидис во 28. минута, а Меди Камара израмни за тимот од Пиреја во 48. минута.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK