Два случаја на семејно насилство се пријавени вчера во полиција. Во првиот случај вчера, во 15.10 часот во СВР Скопје 45-годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Аеродром била физички нападната од нејзиниот сопруг С.П.И.(50) од Скопје.
Во вториот случај, пак, синоќа околу 21 часот во Тетовско полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Џ.Б.(46). Тој е приведен поради тоа што физички ја нападнал неговата 47-годишна сопруга.
МВР информира дека презема мерки за расчистување на случаите.