Нетанјаху вети дека „ќе се бори до победа“ против Хамас кој ослободи две американски заложнички

Нетанјаху-вети-дека-„ќе-се-бори-до-победа-против-Хамас.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека „ќе се бори до победа“ во Газа, сигнализирајќи дека нема да ги прекине воздушните напади и очекуваната копнена операција во енклавата откако палестинската исламистичка група Хамас ослободи две американски заложнички, објавија странските агенции.


Џудит и Натали Раанан, мајка и ќерка кои беа киднапирани од борците на Хамас на 7 октомври, се првите киднапирани чие ослободување е потврдено од двете страни во конфликтот.

„Двајца од нашите киднапирани се дома. Не се откажуваме од нашите напори да ги вратиме сите киднапирани и исчезнати. Во исто време, ќе продолжиме да се бориме до победа“, изјави ноќеска Нетанјаху.

Израел распореди тенкови и војници во близина на Газа, подготвувајќи се да ја нападне палестинската енклава по копно. Во израелските воздушни напади врз Газа досега загинале најмалку 4.137 Палестинци, меѓу кои стотици деца, а раселени се повеќе од еден милион цивили, според палестинските власти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK