(Видео) Невреме ги погоди Британија, Франција и Данска: поплавени се улици, има загинати

Видео-Невреме-ги-погоди-Британија-Франција-и-Данска-поплавени-се.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Делови од источна Шкотска денеска беа погодени од големи поплави откако бурата Бабет донесе пороен дожд и ветрови со брзина до 113 километри на час, а предупредувањата за поплави и бури беа издадени во јужна Франција и Данска.



Британската метеоролошка служба издаде црвено предупредување за прв пат од февруари 2020 година, предвидувајќи дека во некои области ќе има и до 250 милиметри дожд. Според снимката објавена на социјалната мрежа X, може да се види како морето се пени и ги поплавува улиците.

Има и жртви, може да се очекуваат прекини на струја

Жена загинала вчера кога ја однела река, а маж загинал од дрво кое паднало врз неговиот автомобил.

„Ова е несекојдневен настан и најверојатно ќе бидеме сведоци на нови поплави“, рече Енди Пејџ, раководител на институцијата.

Тој додаде дека може да се очекуваат прекини во електричната енергија и прекин на основните јавни услуги и ги повика жителите да бидат подготвени за можноста тие да бидат исклучени во следните неколку дена.

Жолти предупредувања се издадени во поголемиот дел од Англија.

Во Англија авионот се излизгал од пистата поради дождот

Авионот се излизгал од пистата на аеродромот Лидс Бредфорд во Англија при слетување на силен дожд, јавува „Скај њуз“.

Инцидентот се случил кога попладнево на аеродромот во Западен Јоркшир слетал авион кој летал од Крф. Нема извештаи за повредени.

Во Ница огромни бранови и одрони, евакуирани се 250 луѓе

Властите во регионот Alpes Maritimes во јужна Франција ги предупредија жителите на поплави и ветрови со брзина до 130 километри на час, откако удари од гром предизвикаа прекин на електричната енергија и затворање на училиштата.

Во Ница одроните и паднатите дрвја затворија бројни патишта, а познатото шеталиште беше затворено поради големите бранови. Превентивно затворени се сите училишта и градинки.

Евакуирани се 250 луѓе, но никој не е повреден, изјави регионалниот лидер Хјуг Муту.

Невремето стигна до Данска и донесе поплави, населението е евакуирано

Невреме на Балтичкото Море стигна до источниот брег на Данска и предизвика евакуација на населението и прекин на електричната енергија.

Данската полиција на социјалната мрежа Х ги повика жителите и туристите да ја напуштат областа околу плажата Сандерсвиг, бидејќи насипот пукна во близина на одморалиштето во јужниот дел на Јитланд.

Жителите на островот Мон на југоисточниот дел на земјата, исто така, беа повикани на евакуација поради поплавите. Воздушниот и траектниот сообраќај е ограничен, а на аеродромот во Копенхаген се откажани 88 летови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK