Објавен список на автомобили што треба да ги возат руските функционери: Лада, Москвич, Хавал

Објавен-список-на-автомобили-што-треба-да-ги-возат-руските.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Руската влада објави список на автомобили од домашно производство што државните службеници треба да ги купат, без разлика дали се руски или кинески, како уште една потврда за инфилтрацијата на Пекинг во руската автомобилска индустрија по инвазијата на Украина. Како што Западот избегнува соработка со Русија, Москва исто така ги избегнува западните корпорации.


Руското Министерство за индустрија и трговија денеска соопшти дека составило список на автомобили кои се препорачуваат за приоритетна употреба на државните и општинските службеници за службени цели, според упатствата на претседателот Владимир Путин.

Домашните компании до денес имаат произведено широк асортиман на модели со различни технички карактеристики и опрема (шест марки и повеќе од 20 модели) кои се способни да ги задоволат потребите на службениците од различни нивоа“, потенцираат оттаму.

Потврдија дека сите производители на автомобили се обврзале да го продлабочат производството, врз основа на посебните инвестициски договори со Владата. На листата се наоѓаат пет модели на Лада, произведени од најголемиот руски производител на автомобили, Автоваз. Тоа се моделите: Vesta, Vesta SW Cross, Granta, Niva Travel и Niva Legend.

Списокот ги вклучува и брендовите UAZ (модели: Patriot, Pickup, Pro, Hunter и SGR), Aurus (модели: Senat, Komendant), Moskvich (3, 3e, 6), Evolute (модели: I-Pro, I-Joy, I-Sky) и Haval (модели: Jolion, Dargo, F7/F7x и H9). Патем, Москвич, оживеан автомобил од советската ера, е симбол на зголеменото влијание на Кина врз руската автомобилска индустрија.

Извори за Ројтерс изјавија дека моделот Moskvich 3 JAC Sehol X4 е склопен во Москва со помош на опрема купена од кинески партнер. Покрај тоа, компанијата Хавал е во кинеска сопственост, а од 2019 година произведува автомобили во својата фабрика во регионот Тула, на само 200 километри од Москва.

Весникот „Комерсант“  претходно објави и дека Кремљ им рекол на официјалните лица вклучени во подготовките за претседателските избори следната година во Русија да престанат да користат „Ајфон“ на „Епл“. Одлуката е донесена поради загриженоста дека западните разузнавачки агенции ќе го искористат фактот дека Русите ги користеле споменатите уреди.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK