Хамас му понуди на Израел ослободување на голем број заложници во замена за итен прекин на огнот. Израел, засега, не се согласил на оваа понуда, наведува Би-Би-Си.
Во тек се преговори со меѓународно посредништво за ослободување на заложниците во Газа, но нема официјална потврда од ниту една страна за деталите од разговорите.
Претходно израелската војска (ИДФ) објави дека повеќето од заложниците, кои беа киднапирани од Хамас и однесени во Газа по нападот на 7 октомври, се уште се живи.
Абу Обаида, портпарол на военото крило на Хамас, Бригадите Ал Касам, во видео изјава во понеделникот рече дека бројот на заложниците е меѓу 200 и 250. Според него, бригадите Ал Касам држат околу 200 заложници, додека останатите ги држат други милитантни групи во Газа.
Обаида изјави дека точниот број на заложници не може да се утврди поради постојаното израелско бомбардирање.