Швајцарија прави соларни електрани од старите сателитски антени

Швајцарија-прави-соларни-електрани-од-старите-сателитски-антени.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Две швајцарски компании ќе ги претворат застарените сателитски антени на Алпите во огромни соларни панели и на тој начин ќе ги искористат предностите на планинскиот терен за производство на зелена енергија.


Тоа е втора инсталација од ваков вид во градот Леук во кантонот Вале за претворање на стара антена во електрана.

Сместени на планина, соларните панели ќе добиваат повеќе директна сончева светлина, особено во зимските месеци, отколку кога би биле инсталирани во близина на замаглени, пониски урбани области.

„Поранешните сателитски чинии се идеални како системи за соларна енергија“, изјави „CKW Group“, компанија за енергетски услуги, која соработува на овој проект со локалната компанија „Leuk Teleport and Data Center“, пренесува Reuters.

Во соопштението се наведува дека антените можат флексибилно да се усогласат со сонцето и на тој начин да произведуваат повеќе електрична енергија од конвенционалните панели.

Една таква антена може да ги задоволи енергетските потреби на 25 домаќинства, објави „CKW Group“.

Антените покриени со соларни панели имаат пречник од 32 метри и се наоѓаат на околу 1.000 метри надморска височина, што им овозможува да примаат оптимално ниво на сончева светлина дури и во зима, пренесува „Бета“.

Во август минатата година, швајцарската влада започна кампања за охрабрување на потрошувачите и компаниите да штедат енергија со цел да се спречи недостигот на гас и електрична енергија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK