Израелската армија соопшти дека повеќето од заложниците кои ги држи Хамас во Газа се живи.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија нови информации за статусот на заложниците и исчезнатите лица однесени од Хамас во Појасот Газа од јужен Израел, откако ја нападна областа на 7 октомври, објави Си-Ен-Ен.
ИД соопшти дека повеќе од 20 од заложниците се на возраст под 18 години, додека 10 до 20 од нив се на возраст над 60 години.
Израелското Министерство за одбрана соопшти дека авион со медицинска опрема за израелските одбранбени сили (ИДФ) слетал на аеродромот Рамон во јужниот дел на Израел.