Левица: Без ниту еден капитален проект, власта продолжува да крати од средствата за капитални инвестиции

Левица-Без-ниту-еден-капитален-проект-власта-продолжува-да-крати.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Власта најави уште една прераспределба на буџетот, со која ќе се пренаменат средствата од буџетските корисници со намалена реализација на капитални проекти. Претходно беше извршена прераспределба на средства, кои завршија за повисоки плати на јавната администрација, повисоки пензии и за нов пакет на антикризни мерки. Вицепремиерот Фатмир Битиќи го потврди новиот мини ребаланс, без да соопшти за што се потребни дополнителни пари,велат од Левица.


„Мал е бројот на институции што реализирале поголем дел од капиталните инвестиции. Дури 67 институции, заклучно со вториот квартал, не реализирале 40 отсто од парите наменети за капитални проекти, колку што е законски пропишано, а има институции со нула отсто реализација. Ваквата прераспределба на буџетски средства ја покажува ниската реализација на капитални инвестиции од страна на Владата, која нема никаква економска стратегија за излез од кризата и должничкото ропство во која е Македонија“, истакнуваат во нивната реакција.

Реагираат дека државната каса е празна, а буџетскиот дефицит од над 500 милиони евра се финансира со домашни и странски задолжувања.

„За што поуспешно полнење на празната државна каса, властите ги воведоа и граѓанските и зелените обврзници. Иако за економскиот развој најризично е да се крати од капиталните проекти, токму тоа го прават СДС и ДУИ, каде парите ќе се наменат за додворување на гласачкото тело и предизборен поткуп.

Со вакви деструктивни политики, не само што нема капитален развој, туку се поткопува и уништува сè што претходно е создадено и изградено. Корумпираната власт на СДС и ДУИ не само што не гради нови капитални проекти, туку и не вложува во одржување на постојните капацитети и инфраструктурата во Македонија“, се истакнува во соопштението на Левица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK