Вчера во 20.30 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишиле од слобода 35-годишниот С.А. од Косово затоа што при контролата на увид дал фалсификувана германска возачка дозвола, а македонската дозвола за привремен престој на странец била со изминат рок на важење, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка, за настанот бил известен јавен обвинител.