Шведска: Поранешни џихадисти работат со деца и млади, тоа не треба да се дозволи

Шведска-Поранешни-џихадисти-работат-со-деца-и-млади-тоа-не.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од 83 лица кои се вратија во Шведска од територијата контролирана од таканаречената Исламска држава, 21 сега работат со деца, млади и ранливи.


Според истражување на медиуми, тие биле вработени во центри за одмор, предучилишни установи и социјални служби, пренесува „Еурактив“.

Според извештаите, и покрај предупредувањата од безбедносните служби дека поранешните џихадисти можат да придонесат за радикализација и регрутирање во Шведска, вкупно 24 поранешни борци на ИСИС нашле работа во јавните служби.

Шведската министерка за либерално образование, Лота Едхолм, по тој повод изјави дека политиката на Шведска за враќање и контрола на поранешните шведски исламистички борци е „наивна“.

„Целосно е неприфатливо луѓето кои се терористи на ИСИС да работат во шведски училишта, забавни центри и слично. Тоа не треба да се дозволи“, рече таа.

Во извештајот, исто така, е наведен случајот на поранешен џихадист на почетокот од оваа година, кој беше осуден според таканаречениот закон за патување, кој им забранува на луѓето да патуваат на територии под контрола на ИСИС, но три месеци по отслужувањето на казната тој нашол работа како замена за младински работник во Гетеборг, бидејќи тоа конкретно дело не било запишано во неговата криминална евиденција.

„Училишниот систем мора да разбере дека денес сме во поинаква ситуација. Мора да добивате соодветни препораки кога вработувате луѓе, дури и за луѓе кои можат да бидат ангажирани само на замена за работа“, рече Едхолм.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK