Индија и се закани на Канада, 41 канадски дипломат ја напуштија земјата

Индија-и-се-закани-на-Канада-41-канадски-дипломат-ја.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Четириесет и еден канадски дипломат неодамна ја напуштија Индија поради несогласувањата околу убиството на сепаратистичкиот водач на Сиките.



Пред две недели, Индија побара од Канада да го повлече најголемиот дел од својот дипломатски персонал и се закани дека ќе го откаже нивниот имунитет доколку останат. Канада има 62 дипломати во Индија, а Индија порача дека 41 треба да ја напуштат земјата, пишува Би-би-си.

Канадските власти рекоа дека заканата е кршење на меѓународното право.

Односите меѓу Индија и Канада се сериозно затегнати откако канадските власти соопштија дека имаат веродостојни информации за вмешаноста на Њу Делхи во убиството на сепаратистичкиот водач на Сиките и канадски државјанин Хардиб Синг Ниџар (45) во јуни во канадска провинција.

Индија ги отфрли обвинувањата како апсурдни и во септември, како одговор на протерувањето на висок индиски разузнавач од Канада, протера канадски дипломат и исто така ги суспендираше визите за Канаѓаните.

Министерката за надворешни работи на Канада, Мелани Џоли, вчера потврди дека многу канадски дипломати и членовите на нивните семејства ја напуштиле Индија и дека поради намалениот број на персонал, Канада ќе мора да ги ограничи своите услуги во земјата; главно во Бангалор, Мумбаи и Чандигар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK